relax üsküp araç kiralama facebook twitter instagram whatsapp turkishenglishenglishenglish
makedonya-arac-kiralama

Правила


 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВОЗИЛО
Клиентот пред да го подигне возилото, ќе треба да приложи валидна возачка дозвола и патна исправа (пасош), а возачот или дополнителниот возач мора да поседува валидна возачка дозвола повеќе од две години.


ДОПОЛНИТЕЛЕН ВОЗАЧ(И)
Ако ви е потребно дополнително одобрување за дополнителен возач(и), потребно е да не информирате пред да го подигнете возилото. Дополнителниот возач во нашата компанија го добивате без надокнада.


УСЛОВИ ОД ЦЕНОВНИКОТ
Сите цени се изразени во евра. Еднодневното изнајмување трае 24 часа од почетокот на периодот на изнајмување на возило. Ако при еднодневното изнајмување задоцните од 1-3 часа, ќе ви бие наплатено за ½ ден. Доцнење повеќе од 3 часа ќе биде наплатено како цел ден. Викенд изнајмувањата почнуваат од 12.00 во петок и трае до 10.00 во понеделник. Месечното изнајмување трае 30 дена. Минималниот период за изнајмување на возило е 24 часа.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

- Неограничени изминати километри
- Осигурување за штети од трети страни од највисок степен?, според државните регулативи
Изземање од судар или направена штета ја покрива одговорноста на лицето кое
изнајмува возило од штети врз изнајменото возило со исклучок на: штети на гумите кои
не се предизвикани од оган или сообраќајна незгода; возење под дејство на алкохол или
лекови/дроги; ако не биде презентирана писмена изјава од полицијата во време на враќање на возилото. Без разлика дали Изземањето од судар или направени штети биде прифатено или не, ќе биде изврешна наплата од 300 евра, доколку автомобилот биде украден.


НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
Доколку плаќате во готово, ги прифаќаме сите меѓународни конвертабилни валути или Македонски денари во вредност на цената на изнајмување. Исто можете да платите со кредитни картички (VISA и MASTERCARD, но не и со AMERICAN EXPRESS). Потребно е да оставите депозит и да ја платите цената на изнајмување на возилото пред да го подигнете вашето возило..


ДОСТАПНОСТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ВОЗИЛО И ВРАЌАЊЕ
Доставување на возилото во Скопје во сите хотели и на сите адреси е бесплатно. На аеродромот во Скопје – бесплатно во работно време. На било која локација низ Македонија – по договор со нашите вработени.

ГОРИВО
Клиентот добива полн резервоар во возилото и ваша обврска е да го вратите со полн резервоар. Ако возилото биде вратено со помалку гориво отколку кога било подигнато, на клиентот му се наплатува дополнување на резервоарот.

ОПРЕМА ВО ВОЗИЛОТО
Целата опрема во возилото е бесплатна за користење: патна карта, ланци за снег и зимски гуми во зимски период.

КОРИСТЕЊЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА
Ако сакате да патувате во друга држава/и со изнајменото возило, потребно е да побарате од нашите вработени меѓународно осигурување (Зелена карта) без кое нема да ви биде дозволено излегување од Македонија и влегување во друга држава. Ве молиме, иннформирајте се за цените и нашите критериуми.

 

| | | | |
Copyright © 2017 Macedonia Car Rental RELAX